Поврзи се со нас

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Се бараше место повеќе за великанот Морисеј!

МК Сцена

ФОТОГАЛЕРИЈА: Се бараше место повеќе за великанот Морисеј!

Насловна фотографија: Атанас Стојановски / Популарно.мк

Вчеравечер во преполната сала СРЦ Кале, каде се бараше место повеќе за стоење, се одржа еден од најквалитетните рок концерти некогаш одржани во Македонија.

Великанот на британската и светската музичка сцена, Стивен Патрик Морисеј, од некогаш легендарните Д Смитс настапи пред околу 4.000 посетителите од Македонија, но и многу останати кои со автобуси дојдоа да го следат концертот од соседните земји.

Тој на сцената настапи заедно со неговиот бенд, и на самиот почеток ги поздрави присутните во салата со добро извежбано „Здраво“ и „Добра вечер“, но и во текот на концертот повеќе пати знаеше да каже „Ви благодарам многу!“.

Фотогалерија: Атанас Стојановски / Популарно.мк

This slideshow requires JavaScript.

Концертот во СРЦ „Кале“ е во рамките на неговата европска турнеја на која го претставува својот последен албум издаден минатата година „World Peace Is None of Your Business”.

Според организаторите Авалон продукција, ова е еден од најквалитетните рок концерти, во последниве 25 години во оваа држава.

Вчерашниот концерт беше во рамките на исклучителниот музички настан Ultimate music weekend, а вечерва на истата сцена ќе настапи групата Апокалиптика.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.