//
Следи нѐ
To Top

ВИДЕО: Слушнете како звучи македонската химна отпеана од 3.000 грла, во изведба на момците од Apocalyptica!

Со исклучителните и енергични настапи на великанот на британската музичка сцена Morrissey и светската метал атракција Apocalyptica на Ultimate music weekend, Скопје после многу години ги победи Белград, Загреб и Љубљана.

Фантастичните момци од Финска во саботата имаа спектакуларен концерт во Скопје кој дефинитивно долго ќе се памети и имаа многу повеќе публика од концертите во Белград, Загреб и Љубљана. Од друга страна, пак, Morrissey исто така имаше многу повеќе публика во Скопје отколку во Загреб и Љубљана.

реклама

На петочниот концерт на Morrissey во СРЦ Кале, имаше исто толку публика и во Белград, на концертот што го правеше Авалон продукција во белградскиот Експо центар.

Повеќе од 7.500 посетители присуствуваа на Ultimate music weekend од Македонија, а околу 2000 билети беа продадени на луѓе од целиот регион: Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово. Влезници се продаваа преку системот на Eventim во многу држави од Западна Европа.

Огромно е задоволството што на концертите на овие големи музичари, покрај првоборците, имаше многу млада публика. Да потсетиме дека младата популација беше најбројна и на концертот на One republic одржан во јуни во арената „Борис Трајковски“, кој исто така беше еден од најпосетените настани во Македонија оваа година, организиран од Авалон продукција.

Во продолжение слушнете ја македонската национална химна отпеана од 3.000 грла, во изведба на момците од Apocalyptica!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: