Следи нѐ
To Top

Повеќе од 25.000 задоволни посетители на Технома ги дознаа тајните за водење на успешен бизнис!

Иновациите во бизнисот кои што се тајната на успехот денеска, „Форумот за иновации и технолошки развој“, како и 185-те компании од кои повеќе од 50 беа странски учесници, очигледно дека беа вистинскиот погодок на 41-от меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, нематали, градежништво, обезбедување и заштита, ТЕХНОМА 2015, кој го посетија повеќе од 25.000 посетители.

Големата посетеност и задоволните учесници на саемот кои имаа можност на лице место на јавноста да ги претстават своите најнови технолошки достигнувања, како и проектите за енергетска ефикасност, иновации производи и идеи, се само потврда на фактот дека оваа саемска манифестација која од година во година е се подобра и тоа како му е потребна на стопанството.

реклама

Потврда на меѓународниот карактер на Технома беше и учеството на компании од Тајван во организација на Советот за развој на трговијата со странство на Тајван (Taiwan External Trade Development Council) и преку Тајванскиот центар за трговија во Софија (Taiwan Trade Center Sofia), и повеќете фирми од Унгарија и Австрија.

На Технома 2015 учесниците и посетителите заклучија дека за подобрувањето на конкурентноста и извозот во Република Македонија потребно е да се креираат производи и услуги кои создаваат дополнителна вредност на општеството, а иновациите и технолошкиот развој се помеѓу најбитните фактори за подобрување на конкурентноста и воопшто за подигнување на животниот стандард на граѓаните.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.