//
Следи нѐ
To Top

Резервирајте ја вашата early bird карта за петтиот по ред Стартап Викенд Скопје

Истекуваат последните два дена за да резервирате early bird карти за петтиот по ред Стартап Викенд Скопје кој ќе се одржи од 20ти до 22ри ноември во Бизнис Комплексот CoSeed!

Стартап Викенд Скопје претставува 54 – часовен глобален настан каде се здружуваат програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади претприемачи со цел да генерираат нови идеи за бизнис и да направат план како успешно да ги реализираат, каде ментори се локални и меѓународни стартап експерти.

реклама

И овој пат сите што ќе се пријават на #SWSkopje ќе имаат можност за 54 часовна дружба со учесниците, менторите и организаторите на одлична локација благодарение на нашиот домаќин CoSeed. Дополнително ќе имаат можности за учество на локални и регионални настани и конференции, да освојат одлични награди или инвестиции од партнерите кои ќе им помогнат за лесно и брзо да ги реализираат своите стартап идеи, како и да се стекнат со непроценливо искуство споделено од професионалци.

Дел од партнерите на овогодишниот Стартап Викенд Скопје се Silicon Drinkabout, Brainster, GSIX, Girls in Tech, EESTEC LC Skopje, IAESTE Macedonia, AIESEC.

Early bird картите за цена од 19.99€ (и 14.99€ за студенти) можат да се купат преку системот Evenbrite или на официјалниот сајт sw.mk.

Не пропуштајте ја можноста вашата идеја да прерасне во бизнис за 54 часа!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Creative

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: