Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ed Sheeran на платното во Cineplexx

Промо

Ed Sheeran на платното во Cineplexx

Придружи му се на Ед, моментално најуспешниот артист во Светот, во живо од светската премиера во Лондон, на неговиот спектакуларен нов концертен деби филм “Jumpers for Goalposts”.

Овој специјален настан во кино, вклучува пренос од црвениот тепих, ексклузивна изведба на Eд во живо, како и концертниот филм кој ќе се прикажува за прв пат преку сателитски пренос во живо од Лондонскиот Лејчестер плоштад до илјадници кино платна ширум светот.

Концертниот филм ќе биде прикажан на големото платно во Cineplexx, во четврток на 22-ри октомври од 19:30 часот.

Jumpers for Goalposts ќе ни прикаже неверојатни изведби на Ед од најголемото шоу во неговата кариера од Вембли стадионот, кој се одржа на 15 јули оваа година, каде што ја воодушеви својата бројна публика со неговите најголеми хитови како “The A Team”, “Sing” и “Thinking Out Loud” – дури изненади и со неверојатниот дует со Елтон Џон.

Покрај сценската изведба со која ги остави сите „без здив“, Jumpers for Goalposts го вклучува и триумфалното патување на Ед до Вембли, на кое ни открива и лични моменти од позади сцената и патот, заедно со искрени и интимни моменти на Ед и неговите најблиски, за тоа до каде тој успеал.

Овој специјален глобален кино настан е покана за милионите фанови на Ед, да му се придружат и заедно да прослават неговиот успех, пред неизбежно да продолжи понатаму да се воздигнува.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.