Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно, со врнежи од дожд попладне

Времето претпладне во Македонија ќе биде облачно со услови за краткотраен слаб дожд само на северозападот од земјата. Попладне и кон крајот на денот ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде, поинтензивни ќе бидат врнежите во источните и југозападните делови.

Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер кој на крајот од денот повремено ќе се смени во засилен северозападен ветер, особено ќе биде забележлив во источните делови од земјата.

реклама

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне со повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен југоисточен ветер, а кон крајот на денот ќе почне и во Скопската котлина да дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Од утре нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна воздушна маса што ќе услови врнежи од дожд со променлив интензитет и пад на температурата која ќе се почувствува веќе од среда. Повремен дожд ќе има и во среда попладне и преку ноќта кон четврток, а во четврток врнежите ќе бидат поинтензивни особено во западните и јужните делови од земјата каде што повремено може да имаат и пороен карактер.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.