Следи нѐ
To Top

Гери Вајтхил во Скопје: „Репрограмирајте го умот за да успеете во животот!“

Насловна фотографија: Емилија Стојменовска / Популарно.мк

По повод отпочнувањето на Клауд Академиите на NewMan’s Бизнис Акцелераторот 2015/16 вчера во киното Синеплекс се одржa свечено отварање на академијата и обраќање на еден од најеминентните лица во светското претприемништво, Гери Вајтхил.

реклама

Во рамки на настанот поздравно обраќање имаше Ирена Чаушевска, основач и генерален менаџер на Њуменс Бизнис Акцелераторот, која во својот говор истакна:

– “Живееме во регион каде најголем дел на институциите се создадени во друга ера – креирани да ја загушат страста за учење на нови работи и храброста за превземање на ризици во име на предвидливоста и функционалноста, но страста и храброста ги водат луѓето да отвораат и прифаќаат нови можности и да учат побрзо за да остварат поголемо влијание во својата област. Нашата мисија е да бидеме катализатор на знаење и акцелератор на влијанието и резултатите од активностите на студентите и претприемачите. Институција на иднината, која ќе ги поттикне и поддржи студентите и претприемачите да постигнат многу повеќе од она што некогаш помислиле дека е возможно. ”

DSC_0035

Веднаш потоа беа доделени сертификатите на студентите од изминатата учебна година на Клауд академиите при акселераторот.

Главен гостин говорник беше Гери Вајтхил, сериски претприемач од САД со уникатен ментален склоп кој малкумина го поседуваат и кој живее со паролата „Stop at nothing achieve everything”.

Во сите ситуации поттикнува на иновативен пристап и таканаречен „Бреин хакинг“ како би ги надминал препреките. Гери Вајтхил е основач на „Entrepreneur Week” – втор најголем претприемачки настан во светот и е консултат на повеќе Fortune 100 компании, инкубатори, акцелератори и претприемачи низ светот во областа на претприемништвото.

DSC_0093

Г-дин Вајтхил во својата презентација потенцираше “Претприемништвото е фундаменталната основа за економска стабилност. Доколку погледнете одблиску ќе забележите дека претприемачите и стартапите овозможуваат да се случат и додаваат вредност на повеќе животни аспекти: работа, иновација, инспирација… листата е бесконечна.”

На крајот, Вајтхил беше поздравен со аплауз од присутните.

This slideshow requires JavaScript.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Creative

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.