//
Следи нѐ
To Top

Европската вселенска агенција сака да гради село на Месечината

Речиси пет децении откако човекот стапна на Месечината, новиот директор на Европската вселенска агенција (ЕСА), Јохан-Дитирх Вернер сега предлага изгради на „лунарно село“ на земјиниот природен сателит.

– Зошто да не изградиме лунарно село, запраша Вернер во обраќањето на Меѓународниот конгрес на астронаутика во Ерусалим, објаснувајќи дека селото на Месечината би можело да претставува замена за Меѓународната вселенска станица и појдовна точка за патување во нова, далечна дестинација, како што е Марс.

реклама

Според него, лунароното село би било сместено на делот од површината на Месечината што не се гледа од Земјата и нема да биде во „мрежа од неколку куќи, градски совет и црква“, туку би се работело за меѓународна колонија која би се изградила со помош на роботи и која би се изведувале разни научни мисии.

Тој истакна дека првите жители на ова „село“ би биле научници и истражувачи, но порача дека и предприемачите терба да почнат да размислуваат како да се пронајде начин за искористување на природните ресурси на Месечината, како што се златото, кобалтот, железото, платината, паладиумот, волфрамот и хелиумот.

За 2024 година е предвидено затворање на Меѓународната вселенска станица, па Вернер верува дека е време да се планира следната фаза на човековото присуство во Вселената.

– Мораме да размислуваме за иднината по Меѓународната вселенска станица. Мораме да планираме изградба на вселенски брод кој ќе ја проучува микрогравитацијата во ниската земјина орбита, објасни Ворнер.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаоктомври 21, 2015
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаоктомври 21, 2015
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаоктомври 21, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: