Следи нѐ
To Top

По цели три години, Аца Лукас најавува спектакл во „Метрополис арена“

По барање на огромниот број на фанови од Македонија, српската легенда, човекот кој на своето конто има најмногу хитови, Аца Лукас на 21. ноември ќе одржи спектакуларен концерт во „Метрополис арена“ во Скопје.

„Лична карта“,(Лична карта) „Да поднесам болка“ (Да поднесем бол), „Нешто против болки“ (Нешто против болова) се само дел од огромниот репертоар кој Аца ќе го испее пред скопската публика. Публиката исто така ќе има можност да ги слушне и едни од најголемите хитови во поново време, како што е „Ми се испушти“, (Омакло ми се) но и мегахитот со најпознатата пејачка на овие простори, Цеца Ражантовиќ , „Не се занесувам јас“ (Не заносим се ја). Се разбира, Аца не доаѓа сам, па на сцената во „Метрополис арена“ ќе има уште неколку специјални гости.

реклама

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба веќе од четврток и истите ќе можат да се најдат на www.kupikartizase.com, „Југотон“ и „Розе Веро 2“. Влезниците ќе се продаваат по цена достапна за сите и истите ќе можат да се купат за само 250 денари до 30. октомври, а исто така ќе има и организиран превоз од сите градови во земјава.

Инаку Лукас во Скопје доаѓа неколку дена по големиот концерт во „Комбанк“ арената во Белград каде веќе влезниците се распродадени до последното место.

Бидете дел од забавата која ќе ја одбележи оваа 2015. година.

Број за резервации и инфо: 072 / 68 08 03 и 078 / 23 40 30

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.