Следи нѐ
To Top

Храброст: За време на настап го скршила носот, но не престанала да танцува

Рускиот талент шоу „Танц“ непланирано доби дополнителна доза на драма, кога младата танчерка Екатерина Кондрашин во текот на настапот го скрши носот.

Екатерина (23) настапи на аудицијата во градот Гелендџик во југозападниот дел на Русија, претставувајќи се со модерна кореографија која во еден момент тргна наопаку.

реклама

Имено, во занесот на танцувањето Екатерина со цела сила удри со главата на сцената, но породлжи да игра како ништо да не се случило. По завршувањето на кореографијата беше јасно дека многу крвари.

Судиите беа во шок, а иако персоналот во бекстејџот и пружи прва помош, на крајот таа сепак заврши во болница поради скршениот нос  и тоа пред да добие оценки од жирито.

Екатерината нејзиниот настап го подготвувала два месеци, а ако победи, 30 илјади освоени фунти планира да ги потроши на отворање на сопствена школа за танц.

– Не е важно колку пати ќе паднете, она што навистина е важно е колку пати можете да станете, рече Екатерина по инцидентот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Видео

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.