Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Дожд и над 50 литри на квадрат и снег на планините

Врнежи од дожд и над 50 литри на метар квадратен на одредени места и повремен снег на највисоките планински врвови, најави за денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Врнежите од дожд ќе започнат од раните утрински часови во јужните и западните делови. Во претпладневните часови ќе се прошират насекаде и претежно ќе бидат со умерен интензитет, што ќе придонесе вкупната количина на наврнат воден талог на места да биде над 50 литри на метар квадратен. Не е исклучено на највисоките планински врвови да има и повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од седум до 13 степени.

реклама

Во Скопје  облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Утре претпладне врнежите ќе престанат и во следните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури, кои в недела ќе се движат од 14 до 20 степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.