Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: „Свадбените приказни“ го отворија дванаесеттиот Моден викенд во Скопје

Модната изложба „Свадбени приказни “ го отвори есенското издание на Моден викенд Скопје , вчеравечер во Музејот на Македонија.

Проектот „Свадбени приказни“ е во организација на Музеј на Македонија, Европски Универзитет во РМ и Британски совет во Македонија. На отворањето на модната изложба се обратија директорката на Музејот на Македонија Мирјана Нинчевска, Кендал Робинс програмски менаџер во Британски совет Лондон и професорката Гордана Вренцоска од Европскиот Универзитет на РМ која ја прогласи модната изложба за отворена.

реклама

Студентите од моден и графички дизајн, во соработка со студентите од дизајн на ентериер и кустосите од Музејот, на изложбата која ќе трае се до 8 ноември ќе претстават дизајнерски раскажани приказни преку кои даваат свои, современи интерпретации на облеката, текстилот и накитот од локалните свадбени традиции. Во сценографијата се вметнати и експонати од изложбата „Црвен петел – црна кокошка“ на Музејот на Македонија.

This slideshow requires JavaScript.

За шминката на моделите од модната агенција „Подиум“ кои беа дел од изложбата, се погрижи Анастасија Јордановска во соработка со „Gosh“ а за фризурите Едукативниот центар „Кариера плус“ во соработка со „Lakme“. Ивана Јанева Попов стручен соработник од „ Vichy “ кои се официјален дерма бјути партнер на Моден викенд Скопје 12 , пред присутните објасни за важноста на здравата кожа.

На првиот ден од Моден викенд посетителите уживаа и во киното наречено „Lotus cozy cinema“ во кое беа прикажани кратки модни филмови од програмата „Dressing the Screen“ обезбедена од Британски совет во Македонија.

Ревијалниот дел на Моден викенд почнува вечерва со ревијата на Игор Марков во Музејот на Град Скопје.

Модниот викенд за сезоната есен/зима 2015/2016, под мотото „Мода и културно наследство“ ќе се држува до 25 октомври во Скопје.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.