Следи нѐ
To Top

Викендов привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“

На дел од булеварот „Гоце Делчев“ и на мостот „Гоце Делчев“ утре и задутре ќе се постави соодветна патна сигнализација и ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Како што информира Град Скопје, викендов екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ ќе изведуваат градежни работи за санација и замена на дилатационата фуга на мостот „Гоце Делчев“, на страната што води од стоковната куќа „Мост“ кон зградата на Владата на Република Македонија.

реклама

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.