Поврзи се со нас

Популарно.мк

Стручна Комисија го испитува случајот со почината родилка во Гевгелија

Актуелно

Стручна Комисија го испитува случајот со почината родилка во Гевгелија

Министерството за здравство денеска соопшти дека ги презема сите потребни мерки за испитување на причините кои во текот на вчерашниот ден довеле до смртен исход на родилката и нејзиниот плод во Општа болница Гевгелија. 

По налог на Министерството, веднаш, денеска, е формирана Комисија за стручен надзор, и таа веќе започнала со својата работа со цел целосно од стручен аспект да се испита целокупниот тек на интервенцијата.

– Министерството за здравство од Општа болница Гевгелија е известено дека синоќа, во тек на изведување царски рез, настапила смрт кај родилка и нејзиниот плод. За жал реанимацијата на мајката и плодот биле неуспешни. Во  текот на породувањето, покрај гинеколози биле присутни и анестезиолози, неонатолози и интернисти, се наведува во соопштението.

Од страна на директорот на болницата е повикана полиција и е известено Јавното обвинителство, согласно законските прописи. Телата се предадени на обдукција во Судска медицина. Земени се изјави од сите лекари согласно законските прописи, а од двајцата гинеколози и анестезиолози е земена и крв за утврдвање присуство на алкохол и недозволени супстанци.

По добивање на резултатите од обдукцијата, како и стручнот надзор ќе бидат преземени соодветни мерки, во согласност со законската регулатива.

Воедно, Министерството за здравство изразува сочувство до семејството за трагичниот настан и за загубата на два живота.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.