Следи нѐ
To Top

Американскиот актер Крис Рок ќе биде домаќин на 88. доделување на Оскар

Американскиот актер и комичар Крис Рок ќе биде домаќин на 88. церемонија на доделување на Оскар, што ќе се одржи на 28 февруари следната година во Лос Анџелес.

Рок пред 11 години беше домаќин на популарната церемонија. Преносот од доделувањето на Оскар 2005 година, кога Рок беше домаќин, е запамтена како еден од најгледаните досега, а го следеа повеќе од 42 милиони гледачи.

Рок ќе го замени колегата Нил Патрик Харис, кој според оцените на многумина, не се снајде најдобро во улогата на домаќин.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Настани

error: Содржината е заштитена со авторски права.