Следи нѐ
To Top

Најсилниот ураган во Мексико почна да губи на интензитет

Еден од најсилните урагани „Патриција“, што го погоди пацифичкиот брег на Мексико, почна да слабее денеска, опадна на категорија два, но се уште произведува ветрови кои дуваат со брзина од 210 километри на час.

Ураганот корнел дрвја, носел автомобили, додека илјадници луѓе биле принудени да ги напуштат домовите, но немало извештаи за жртви и властите соопштија оти штетата не е толку катастрофална, како што се плашеле.

реклама

Ураганот удри во појасот на слабо населениот брег, недалеку од популарната плажа Пуерто Ваљарта, каде се евакуирани 15.000 туристи.

Делови од градот се поплавени, иако ги избегна најсилните удари на исклучително силната бура.

Туристите и жителите налетот на ураганот го поминаа во засолништа и се надеваа оти тој нема да предизвика толкава штета, како што беше на Хаваите и на Филипините во 2013 година.

Додека се уште беше над морето, ураганот имаше категорија пет, со ветрови кои беснееја 322 км на час, што беше најсилен ураган некогаш забележан на западната хемисфера.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.