Следи нѐ
To Top

Словенечката култна група „Лајбах“ за главната вечер на 17. издание на „Таксират“

Насловна фотографија: Атанас Стојановски / Популарно.мк

Главната вечер на 17. издание на „ТАКСИРАТ“ на 7. декември во „Метрополис Арена“ има чест да биде домаќин на словенечката индустријал легенда, култната група „ЛАЈБАХ“!

реклама

Најпознатата и истовремено најконтроверзната група од регионов, по речиси осум години пауза од студиските изданија, доаѓа со новиот и исклучителен албум „Spectre“ (сениште). „Лајбах“ со овој албум повторно е една од најголемите атракции на музичката сцена. Откако го промовираа ширум Европа, годинава следеше и турнејата во С.А.Д., а неодамна го привлекоа вниманите на медиумите од целиот свет со веста која одекна за нив како единствениот западен бенд кој доби дозвола да настапи во Северна Кореја, најзатворената земја на светот.

По Северна Кореја, единствената група од регионот која успеа да ја зацврсти меѓународната кариера со серија исклучителни албуми, своето последно остварување ќе го претстави на „ТАКСИРАТ“ во Скопје.

Покрај „Лајбах“ за фестивалското финале на „ТАКСИРАТ“ на 7. декември во „Метрополис Арена“ потврдено е и гостувањето на еден од најактивните и најжестоките каталонски бендови „ЛА ПЕГАТИНА“. Годинава во знак на „Таксират“ ќе се одржат и бројни дополнителни музички настани, од кои веќе е најавено одржувањето на втората меѓународна музичка „ПИН конференција“ на 27. и 28. ноември во МКЦ, која ќе биде затворена со годинашното издание на „ЛУЗЕР ФЕСТ“ (сабота, 28. ноември). Наскоро ќе бидат објавени и новите изведувачи кои ќе бидат задолжени за 17. „Таксират“ да го запаметите како исклучително позитивно доживување од нашето градско (не)секојдневие.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.