Следи нѐ
To Top

Сончево со умерена облачност со слаб северен ветер

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските температури ќе се движат од -2 до 7, а дневните од 17 до 22 степени. 

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер. Претпладне ќе има услови за слаба магла и ниска облачност. Утринската температура ќе биде 2, а дневната ќе се движи до 19 степени.

реклама

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и суво време. Утрата ќе бидат релативно студени, а по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.