Следи нѐ
To Top

Aнестезиолозите од Гевгелија биле под дејство на алкохол

Анализата на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи покажа 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози кои учествувале во закажаниот оперативен зафат за породување во Општата болницата во Гевгелија во четвртокот во кој починаа родилката и новороденчето. Кај лекарите гинеколози не е констатирано присуство на алкохол во крвта, соопшти Основното јавно обвинителство – Велес.

Обвинителството веќе ја почна предистражна постапка за смртта на родилката и на новороденчето и во изминатите два дена се сослушани поголем дел од медицинскиот персонал кој го извршувал оперативниот зафат, а денеска продолжува сослушувањето на останатите лица од персоналот.​ Прибавена е и целокупната медицинска документација за оперативниот зафат и за прегледите на родилката што претходеле на зафатот, како и резултатите од извршените претходни испитувања.

реклама

– Надлежен јавен обвинител со цел утврдување на причините за смртта, до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија – Скопје, достави Наредба за судско-медицински преглед и обдукција на телата на починатите. Во исто време донесена е и Наредба за анализа на крв на лицата кои го сочинувале тимот што го вршел зафатот, поради добиеното сознание дека двајцата лекари анестезиолози биле во алкохолизирана состојба, се вели во соопштението од ОЈО Велес.

Оттаму прецизираат дека веќе се добиени извештаите од судско-медицински преглед и обдукцијата, а во тек се дополнителни анализи и испитувања што треба да ги утврдат причините што довеле до смртта.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.