Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончев есенски ден со температура до 18 степени

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови во некои котлини е можна појава на магла, а во текот на денот ќе дува слаб ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 15 до 20 степени.

реклама

Во Скопје слично време, претежно сончево со слаб источен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

И во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Ќе се задржи претежно стабилно време. Во среда и во четврток ќе има зголемена облачност кога не е исклучена и изолирана појава на слаб дожд. Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, додека дневната ќе бележи благо опаѓање. Во четврток се очекува да се движи од 12 до 17 степени.

Следува период на стабилно и суво време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Дневната температура ќе се движи од 15 до 22 степена.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.