//
Следи нѐ
To Top

ВИДЕО: Погледни како помина забавата на овогодинешната Егзит авантура и освој влезници за следната година!

Exit и Sea Dance се повторно номинирани за најдобрите европски фестивали, а во очи на гласањето кое трае до 12. ноември, објавено е и официјалното Aftermovie видео со дел од најдобрите моменти од овогодишната Exit Авантура!

Сите кои ќе го погледнат и споделат видеото на „Фејсбук“ и „Твитер“ со хаштагот #ExitAdventure автоматски учествуваат во наградната игра во која среќниот добитник станува сопственик на првите влезници за следната Exit Авантура 2016, како и сместување и превоз за двајца од Петроварадин до Јаз!

реклама

И ПОПУЛАРНО.МК БЕШЕ ДЕЛ ОД ОВОГОДИНЕШНИОТ ЕГЗИТ, ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ СО КЛИК ТУКА!

Втората по ред Exit Авантура оствари рекордна посетеност во оваа деценија, но ја забележа и најпосетената ноќ во историјата на Exit, со повеќе од 300.000 луѓе кои поминаа низ фестивалските врати од Петроварадин до Јаз, со што е поставен нов предизвик за следното, трето по ред издание на најголемото фестивалско летување во Европа!

Овогодишната Exit Авантура ќе остане запаметена и по впечатоците на изведувачите и многубројната публика кои сведочеа, не само дека присуствуваа на најдобриот концерт или фестивал, туку и на едни од најдобрите моменти во животот! Заедно со фановите од над 60 земји од сите континенти на светот, 15. роденден на Exit на Петроварадинската тврдина го прославија Emeli Sande, Manu Chao, Faithless, Motorhead, John Newman, Hardwell, Tom Odell, Martin Garrix, Clean Bandit, Capital Cities, Napalm Death, Milky Chance, Leftfield, Fear Factory, Tale of Us, Chris Liebing, Adam Beyer, Eagles of Death Metal, Just Blaze, Zomboy, Dirtyphonics, Roni Size Reprazent, Goldie, Dixon, Hladno pivo, Zoster, Artan Lili, Ničim Izazvan и бројни други.

Прославата потоа се пресели на официјално Најдобриот европски фестивал со до 40.000 посетители дневно, воедно и Најдобрата европска плажа според изборот на водечкиот туристички водич Lonely Planet, плажата Јаз и Sea Dance фестивал!

Четири дена и ноќи забавата траеше без пауза со одбрани имиња како што се The Prodigy, Roisin Murphy, Rudimental, Sigma, Wilkinson, Noisia, Gramatik, Dubioza kolektiv, Bondax, James Zabiela, Who See, Flight Facilities, Odesza, Modestep, Soul Clap, Kim Ann Foxman и други.

Со глас за Exit и Sea Dance до ВИП влезница за водечките европски фестивали!

Гласајќи за Европските фестивалски награди, фановите добиваат можност да учествуваат во наградната игра за ВИП влезници за водечките европски фестивали! Победникот од 2013. година, Exit фестивал седма година по ред е номиниран за „Најдобар голем европски фестивал“, а Sea Dance ја брани минатогодишната титула „Најдобар средно-голем фестивал“, односно до 40.000 посетители дневно. Гласањето за European Festival Awards трае до 12. ноември, а гласачите можат да освојат ВИП влезници за победничките фестивали ширум Европа!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: