Следи нѐ
To Top

Скопје и Македонија 4 денови ќе уживаат во Корејската култура

За првпат во Македонија сите наши граѓани ќе имаат несекојдневна шанса да уживаат во корејската музика, кинематографија и фотографија за време на „Деновите на Корејската Култура во Скопје“, манифестација која ќе трае од 29ти до 31ви октомври, организирана од страна на Амбасадата на Република Кореја во Бугарија.

– „Ми претставува задоволство што ја имам можноста да го организирам овој културен настан за претставување на корејската култура на македонската публика за првпат. Им благодарам на Министерството за култура и Министерството за надворешни работи за нивната поддршка за овој настан. Исто така сакам да ја изразам мојата благодарност до корејската туристичка организација за нивната финансиска поддршка. Ова е првото претставување на корејската култура пред македонскиот народ досега, па мислевме дека традиционална тема е најсоодветна за овој настан. Во име на тоа, на 29ти октомври, првиот дел од програмата ќе се состои од корејска традиционална музика, на моменти и комбинирана со танц.

реклама

Првиот дел се состои од изведбата на Bulsechul, кој што креира традиционални, ритмички ноти и мелодии и ги преработува на уникатен начин, давајќи им нијанса на нов и модерен звук.

Вториот дел од концертот е одбележан со комичната невербална изведба на Нанта. Морам да нагласам дека Нанта е најпознатото шоу во Кореа, а исто така и многу познато во светски рамки.

Мислам дека Bulsechul и Nanta репрезентираат две многу различни лица на корејската култура. Едното е филозофско, а другото динамично и пријатно.

Taewook Joo- Pretstavnik na NANTA

На 30ти и 31ви октомври, во Кинотека на Македонија ќе се одржи “Корејска филмска одисеја”. Во текот на двата дена македонската публика ќе може да ги види некои од најгледаните современи корејски филмови.

Во исто место и време, во кинотеката луѓето ќе имаат шанса да бидат дел од изложбата на фотографии “Импресии Кореа”. Луѓето кои што ќе присутствуваат на филмскиот фестивал и изложбата на фотографии ќе имаат шанса да носат традиционални женски корејски костими и да се фотографираат во нив.

Ќе ми биде задоволство да ве видам сите на претходно спомнатите настани“, изјави на прес-конференцијата амбасадорот на Република Кореа во Република Бугарија, Шин Менг-хо.

Интересно е тоа што низ неодоливата импровизација на традиционалните ритмички мелодии, „Bulsechul“ успешно го развива својот музички стил, надограден на уникатен начин, давајќи им нов и модерен звук, додека пак „Nanta“ е првото азиско шоу кое се појавило на Бродвеј.

Нивниот театар е отворен 365 дена во годината, а го имаат посетено над 1 милион странски посетители, а за време на светската турнеја, „Nanta“ до сега настапиле во 51 земја, 289 градови, привлекувајќи странска публика над 2 милиони.

Влезот за сите настани е бесплатен.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.