Следи нѐ
To Top

Тамара Тодевска го најавува својот голем концерт во „Борис Трајковски“

Се започна со детскиот музички сон, на нејзина 6 годишна возраст, со настапот на Макфест, како придружба на престижните Маријана и Росана.

Денес со гордост можеме да ја наречеме една од најспецифичните, најуникатни, најприродни Македонски музички поп ѕвезди кои сјаат на македонското сценско музичко небо. Зад сево ова се крие името на Тамара Тодевска.

реклама

Во организација на Горила продукција, во петок, на 27. Ноември, во Арената „Борис Трајковски“ поп дивата Тамара Тодевска ќе одржи голем концерт, кој ќе биде исполнет со нејзините најубави хитови, но и со бројни изненадувања што на публиката ќе ги приредат нејзините гости со кои Тамара соработувала. За првпат после долгогодишна пауза на сцената како гостин ќе се појави Раде Врчаковски – Врчак, уникатниот Игор Џамбазов, автор на бројни хитови на Тамара, ДНК, Влатко Илиевски, Даниел Кајмакоски, Тони Зен и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба на 3 ноември во сите продажни салони и места на МК Тикетс, салоните на Оне и Југотон.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.