Следи нѐ
To Top

Адел проговори за мајчинството: Мислев дека ќе биде полесно

Откако првиот сингл „Hello“ од новиот албум на Адел почна да ги урива рекордите, пејачката се огласи во јавноста со интервју за музичкиот магазин „Ај-Ди“.

Во интервјуто Адел признава дека големо влијание на нејзината кариера имале Ејми Вајнхаус и Френк Синатра.

реклама

– Ако не беа Ејми и Френк Синатра, сто отсто сум сигурна дека никогаш не би земала гитара в рака и не би ги напишала „Daydreamer“, „Hometown“ или „Someone like you“, изјави Адел.

Таа вели дека не се познавала лично со Ејми и не биле пријателки, иако оделе во исто училиште. – Но, ја обожувам, изјави Адел за музичко влијание што врз неа го имала Вајнхаус.

Натаму во интервјуто Адел проговори и за мајчинството и за тоа како и се променил животот откако стана мајка.

– Многу е тешко, мислев дека ќе биде полесно. Сите го правта тоа,па мислив дека не може да биде многу тешко. Ух.. немав идеја дека ќе биде вака. Тешко е, но одлично е, изјави Адел за нејзината улога како мајка.

Таа вели дека мајчинството е најубавата работа што некогаш ја направила.

– Поради синот се чувствувам помлада и тој ме спушта на земја. Пред тоа бeв во некој свој свет, но сега се ми се врати околу него, призна Адел.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.