//
Следи нѐ
To Top

Емилија Розман – македонска претставничка за Мис на светот 2015 во Саниа

Емилија Розман, 23-годишна студентка од Скопје, ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот што од 21 ноември до 19 декември ќе се одржи во Саниа, на кинескиот остров Хајнан.

Розман за учество на престижната манифестација ја делегира Агенцијата Мисс М, како овластен организатор на изборот на Мис на Македонија за Мис на светот.

реклама

Според Агенцијата, со своите квалитети како апсолвент на Дефектологија, а воедно студент и на катедрата за шпански јазик и литература при Филолошкиот факултет во Скопје, модел, крводарител и активист на Црвениот крст, таа вистински претставува голема надеж за висок пласман меѓу 130-те кандидатки кои ќе се натпреваруваат во новоизградениот хотелски комплекс „Beauty Crown Grand Tree“ со 7+ ѕвездички.

Организаторите на Мис на Светот и кинеските домаќини ветуваат една од досега најгламурозните финални вечери на овој избор, која ќе имаат можност директно да ја следат и нашите гледачи.

mkd-82677[1]

– Цврсто веруваме дека сите граѓани на Македонија подеднакво ја чувствуваат важноста за учеството на оваа реномирана светска манифестација, која ја гледа и пренесува целиот свет и каде ќе не претставува вистинскиот амбасадор, кој со својата убавина на најубав начин ќе го претстави својот народ, нашата култура и нашата држава. Искрено се надеваме и на сестраната поддршка на својата сограѓанка во периодот на нејзините подготовки до 20. ноември, бидејќи овојпат и тоа ќе биде повод за специјално жирирање и награда во финалето на Мис на светот, велат од Агенцијата Мисс М.Ова е 14. учество на Република Македонија на изборот на Мис на светот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаоктомври 30, 2015
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаоктомври 30, 2015
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаоктомври 30, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: