Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Бродвејското уникатно шоу ги воодушеви Македонците

Со стоечки овации, аплаузи и извици за уште, синоќа во преполниот Македонски народен театар во Скопје беа отворени првите во Македонија „Деновите на корејска култура 2015“.

Повеќе од 650 посетители имаа несекојдневна и уникатна шанса во живо да уживаат во музичкиот концерт, „Музика и ритми од Кореја“, на кој настапија „Bulsechul“ и „Nanta“.

реклама

Светски познатиот ансамбал „Bulsechul“ во Скопје ги пренесе звуците на традиционална корејска музика со модерни импровизации кои ја воодушевија публиката, a громогласниот аплауз на крајот од нивниот настап беше наменет за преработката на македонската песна „Зајко Кокорајко“.

Вториот дел од концертот беше комичниот музички невербален настап на „Nanta“. Токму „Nanta“ со своето акробатско кујнско шоу прикажано низ комичен перформанс на едно место го има собрано најголемиот број на гледачи во историјата на корејскиот театар. Колку навистина Македонија имаше уникатна шанса синоќа е фактот дека „Nanta“ е првото азиско шоу кое се појавило на Бродвеј, а нивниот театар кој е отворен 365 дена во годината, а го имаат посетено над 1 милион странски посетители.

– Мое големо задоволство е да ѝ го претставам на скопската публика големиот изведувач од ансамблот Bulsechul и невербалниот музички изведувач Nantа. Ова е првпат да се одржува настан од ваков вид во Скопје и се надевам дека сите ќе уживате во него и дека ќе стане традиција секоја година, изјави синоќа на сцената на Македонски народен театар при отворањето на манифестацијата, Амбасадорот на Република Кореја во Бугарија, Шин Менг-хо

Денеска и утре (30ти и 31ви октомври) во Кинотеката на Македонија, ќе се одржи „Корејска Филмска Одисеја“. За време на овие два дена, македонската јавност ќе има можност да погледне некои од најпопуларните корејски филмови: „Ода за татко ми“ (Ode To My Father), „Маскембал“ (The Masquerade), „Монструмот“ (The Host), „Тајно, Величествено“ (Secretly, Greatly), „Кралскиот Кројач“ (The Royal Tailor).

Освен „Корејската Филмска Одисеја“ на 30ти и 31ви октомври во Кинотеката на Македонија, сите македонски граѓани ќе имаат можност да ја погледнат изложбата слики на платно со мотиви од Сеул на уметникот Симон Калајџиев и изложбата на фотографии „Впечатоци од Кореја“. Оваа изложба ќе ни ја долови  убавината на корејската традиција, истражувајќи ги модерните пејсажи, вкусовите на корејската кујна и скиците на еден патник.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.