Следи нѐ
To Top

Џорџ и Амал Клуни згрижија куче од засолниште

Американскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал во средата згрижиле куче од едно засолниште за напуштени животни во Калифорнија.

– Четиригодишната женка Мили доби нов дом, објави засолништето Ес-Џи-Ви-Џи-Ес на својот профил на Фејсбук, публикувајќи и фотографија на двојката со новиот миленик.

реклама

Мили е куче од сортата басет, со долги уши и препознатлив „тажен поглед“.

Според вработените во засолништето на Мили „им паднала во око“ на Џорџ и Амал, веднаш штом ја виделе.

Мили била земена во домот на Клуни на „пробен период“, со цел да видат дали „ќе се согласува“ со 10-годишниот кокер шпаниел Луеџ, кого двојката во март го зема од една засолништето за кучиња скитници во Њујорк. Но, „пробниот период“ тарел само час и половина, бидејќи на Џорџ и Амал  им било доволно само толку време за да утврдат дека кучињата си играат и дека ќе можат да живеат заедно.

Мили била пронајдена на почетокот на овој месец во Сан Габриел, во близина на ресторан каде кружела надевајќи се на отпадоци од храна.

– Им честитаме на семејството Клуни и и им благодариме за згрижувањето, напиша засолништето на својата страна на Фејсбук.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

  • Почнува 21. Скопје филм фестивал

    Со премиера на играниот филм „Година на мајмунот“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски и во продукција на „Панк филм“,...

    Информативна Редакцијаоктомври 30, 2015
  • Ем-ти-ви наградите се враќаат во Њујорк

    Ем-ти-ви видео музичките награди по една година помината во Калифорнија се враќаат на американскиот источен брег во Њујорк. реклама

    Информативна Редакцијаоктомври 30, 2015
  • Најавен четвртиот дел од филмската сага „хХх“

    Вин Дизел го најави четвртиот дел од акционата сага „хХх“, за којшто правата ги откупи продукциската куќа „Ејч Колектив“. реклама

    Информативна Редакцијаоктомври 30, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.