Следи нѐ
To Top

Google ги проширува своите сервиси во нашата држава

Винаријата Камник прва во Македонија се вклучи во сервисот на Google Street View – Business View.

Комплексот Камник во Скопје, ги отвори своите врати за снимање на 360° обиколка, така што од почетокот на неделава секој заинтересиран во светот, преку сервисот Google Business View, може со виртуелна тура да ги посети сите објекти на овој реномиран вински и угостителски бренд од Македонија.

реклама

Google Business View е извонредна виртуелна, интерактивна алатка, која има глобална видливост и изложеност на погледите преку Google Street View, Google Maps и Google Search, која што може да биде поврзана со веб сајтот на клиентот, како и со која било социјална мрежа.

– „Иновацијата е еден од важните аспекти во создавањето на вината Камник. Свесни за моќта и влијанието со кои иновацијата го обликува нашиот свет, навистина ни е задоволство што сме првата компанија на македонскиот пазар која се вклучува во Google Street View – Business View сервисот. Произведуваме вина со премиум квалитет, нудиме вински дегустации во ултра-модерниот амбиент на просторијата за дегустации во нашата винарија, а сега имаме и можност на љубителите на вино од било кој дел на светот да им ги претставиме винаријата и лозјата на еден динамичен начин со виртуелна прошетка, и да им овозможиме да ја почувствуваат енергијата со која го обликуваме брендот Камник вина”, изјавија од Винарија Камник.

Google Business View е производ на Google, кој што беше лансиран во 2014 година. Овој сервис е дизајниран за компаниите од кој било сектор, без оглед дали станува збор за индустриски постројки или за услужна дејност, со можност на своите или на потенцијалните клиенти преку виртуелна 360° обиколка (тура), да го покажат изгледот, уредувањето, понудата или, со еден збор, потенцијалот на сопствениот бизнис.

Компаниите и нивните сопственици не можат самостојно да ги поставуваат своите бизниси на Google Business View, туку тоа се прави преку партнерски агенции или таканаречени „Агенции од доверба” – Google Trusted Agency, специјално авторизирани за овој планетарен сервис. Едноставно кажано, Google Business View е Google Street View за бизнис потреби.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.