Следи нѐ
To Top

БРИТАНСКА ТОП ЛИСТА: Џастин Бибер немоќен пред моќниот „comeback“ на Адел

Новата британска листа на најслушани синглови носи убави вести за Адел!

Со песната „Хелоу“, Адел оваа недела и официјално се врати на топ листите. Нејзиниот сингл дебитираше на првото место на листата, оставајќи ја зад себе новата песна на Џастин Бибер, „Сори“.

реклама

Синглот на Адел е продаден во над 333.000 физички примероци како и над 300.000 дигитални примероци. На тоа треба да се додаде и бројот на интернет стримување на синглот, што изнесува дури 7.32 милиони стримови за еден ден.

Со тоа Адел го сруши и рекордот на Џастин Бибер, кога неговата песна „Ват Ду Ју Мин?“ во првата недела од објавувањето имаше 3.87 онлајн стримувања.

Џастин, останува само да си го признаеш поразот! :)

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.