//
Следи нѐ
To Top

Во 20 сообраќајки викендот во Скопје, 14 повредени

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 20 сообраќајни незгоди.

На 30 октомври, петок, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник.

реклама

На 31 октомври, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно четири сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и една незгода со последица тешка телесна повреда. Сообраќајката се случила во 12 часот и 30 минути на бул. „Св. Климент Охридски“ влез – излез од Соборен храм „Св. Климент Охридски“ во која учествувале патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје, роден 1932 година. По незгодата пешакот со возило на учесникот бил пренесен на Ургентен центар каде му е укажана лекарска помош и се констатирани тешки телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување.

Во текот на вчерашниот ден, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, шест сопатници и еден возач на мопед.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ кое се наоѓа на територијата на општина Центар.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: