Следи нѐ
To Top

Голем концерт на Дуке Бојаџиев и пријателите во Метрополис арена

Авалон продукција со огромно задоволство го најавува својот прв голем проект за 2016-та година- концертот на нашиот композитор, пијанист и продуцент со светско реноме, Дуке Бојаџиев, насловен „Дуке и пријателите“, кој ќе се одржи на 20 февруари во арената „Метрополис“.

На својот најголем концерт во досегашната кариера, Дуке ќе настапи заедно со неговите пријатели и соработници: најголемата македонска ѕвезда Каролина Гочева, легендарниот актер Никола Ристановски, светски познатиот кларинетист Исмаил Лумановски, нашата реномирана пејачка Тања Царовска и перкусионистот Матијас Кунзли – сите придружувани од камерен оркестар.

реклама

Ова ќе биде прв концерт на Дуке Бојаџиев после успешното претставување во престижната концертна сала „Карнеги хол“ во Њујорк, каде настапи со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, а на кој специјална гостинка беше Каролина.

Дуке Бојаџиев веќе долго време живее и твори во центарот на светската култура, Њујорк, меѓутоа своите најнови проекти континуирано ги промовира и пред домашната музичка сцена, пред својата публика. Автор е на филмска, електронска и акустична музика во која може да се почувствува духот на македонската традиција, иако принципите во кои е урамен неговиот музички израз и стил се строго западноевропски.

Низ неговата интернационална кариера, Бојаџиев има соработувано со оскаровците Џонатан Деми и Денис Танович, како и со македонскиот режисер Столе Попов за неговото последно филмско остварување. Музиката на Дуке е користена за светски кампањи на познатите брендови „Пежо“, „Ланком“ и „Лореал“, но и на разни светски музички компилации како „Буда Бар“ и „Маракеш Експрес“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.