//
Следи нѐ
To Top

ВИДЕО: Џастин Бибер го промовираше разголениот спот за “I’ll show you“

Џастин Бибер очигледно едноставно не сака да се откаже од разголувањето и од постојаните промени на фризурите.

Ваквата своја страст, 21-годишниот Џастин ја манифестираше и на спотот за новиот одличен сингл, што беше промовиран синоќа.

реклама

Станува збор за балада под наслов „I’ll show you“, која е резултат на уште една соработка на Бибер со „Скрилекс“, што на пејачот му обезбеди нов позрел звук.

justin-bieber-ill-show-you-music-video-purpose-11215[1]

Во песната Џастин пее за тежината на славата и желбата да пронајде некој кој ќе биде искрен со него.

Спотот го прикажува Џастин како шета по убави предели на Исланд и на крајот влегува во студеното море, облечен само во бели „боксерки“. Долната облека, секако, е со потписот на „Келвин Клајн“, чие заштитно име е Бибер.

Помоцијата на спотот претставува увертира за 13 ноември, кога ќе излезе новиот албум на Џастин „Purpose“, каде ќе се најдат голем број нови песни, но и ремикс од нумерата „What Do You Mean?“ со Аријана Гранде.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: