Следи нѐ
To Top

Кендел Џенер вљубена во младиот кошаркар Д’Анџело Расел

Кендел Џенер наводно е многу влубена, но не во возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, со кого беше видена дури неколу пати последниве месеци, туку во младиот кошаркар на „Лејкерси“, Д’Анџело Расел.

Како што објави познатиот портал „Холивуд Лајф“, Џенер и Расел ги запознале заеднички пријатели, а сите присутни на нивната прва средба „можеле да почуствуваат хемија меѓу нив“.

реклама

– Таа моментно е зафатена со својата манекенска кариера, а тој со кошарката, па немаа можност да поминат повеќе време заедно. Ни, нешто дефинитивно се случува меѓу нив, открива неименуван извор за порталот.

Дваесетгодишната манекенка откако го започна нејзиниот моден успех, немаше официјално потврдена љубовна врска, иако ја поврзуваа со голем број познати момчиња, како Крис Броуни, Хари Стајлс, Луис Хамилтон…

Но, добро упатениот извор, тврди дека убавата Џенер сега е подготвена за љубов.

Кендел веќе неколку пати е видена на натпреварите на „Лејкерси“, па не е чудно што се вртат приказни дека повеќе од кошарката, ја интересира убавиот 19-годиштен кошаркар.

Џенер и Расел се уште не ги коментираа ваквите твдења.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.