//
Следи нѐ
To Top

Од 6-ти до 10-ти ноември ќе се одржат 27. интернационални студентски средби – Скомрахи

Скомрахи претставуваат интернационални студентски средби кои за првпат се одржани во 1988 година како потреба на студентите за комуникација и размена на искуства и знаења со други академии и факултети.

После распаѓањето на Југославија идејата за средбите прераснува во идеја за собирање на студенти од цела Европа. Така во изминатите години на оваа манифестација учествувале повеќе од 25 академии и факултети од: Белград, Нови Сад, Љубљана, Прага, Приштина, Тирана, Сараево, Цетиње, Киев, Лоѓ, Глазгов, Братислава, Грав, Ташкент, Вроцлав, Варшава, Истанбул, Амстердам, T’ргу Муреш, Загреб, Букурешт, Солун.

реклама

Освен размена на искуства и знаења на студентите целта на Скомрахи е и афирмација на културата, афирмација на младите автори и изведувачи, остварување на лични контакти, како и соработка на проекти.

Оваа година од 6-ти до 10-ти ноември на Факултетот за драмски уметности по 27-ми пат ќе се одржи манифестацијата Скомрахи.

Во петдневната програма се вклучени девет академии од Балканот и Западна Европа кои ќе се претстават со девет театарски претстави, дванаесет филмски проекции и три работилници.

Програмата на Скомрахи ќе ја надополни и богата офф програма која вклучува музички бендови и изложби.

Свеченото отворање ќе се одржи во Драмскиот театар во петок (06.11) во 20ч. со дипломската претстава ,,Сината соба” на класата на проф. Златко Славенски.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: