Следи нѐ
To Top

Татјана Алексиќ: SPIRITUS MOVENS (читај духовно „мување“)

Мирот е само пауза меѓу две војни, животот – тире меѓу годините на раѓањето и смртта, нашата реалност е телевизијата – се што нема на тв каналите, не постои! Разликата е само во изборот на каноните, пардон, каналите кои не збунуваат со различно сервирани вистини.

Телевизија – пауза – тире, па пак телевизија, пауза, тире …c’est la vi лаконски би кажал хиперпотентниот Берлускони, наздравувајќи си за новата младолика љубовница, за инает на сите!

И така духовно се „муваме“, ползејќи, оставајќи лигави траги по патеки за идните генерации, чекајќи го Годо… А единствена, извесна и сигурно дочекана е само смртта, остатокот е можеби, а можеби и не е … Можеби вистините за кризата во парламентот и партиското кризирање ќе ни се избистрат кога и поматените умови, само треба многу вода да протече.

Криза! Секаде во светот таа е минлива, влегува – излегува и толку, само кај нас е домашно милениче без кое не можеме, не постоиме, немаме тема, инспирација, немаме SPIRITUS MOVENS! Кулминација на криза е кога ќе влезеш во ве-це и не можеш да се сетиш зошто си влегол, а кога ќе се сетиш и олесниш, кризата ќе се врти во ве-це шолјата како беспомошна фекалија барајќи си нови канали и канализации. Токму кога си помислил дека си се решил од НЕГО, си се олеснил, си направил пауза, ете ти ново… И пак…пауза…телевизија…тире..криза…пауза…

Јади, пиј,поврати, прос… заедно со кризата. Наближуваат прославите на славите, свето посветено време на најблиските крај домашното огниште, нашата светиња! Но и тие не се слават исконски скромно и доблесно, туку „помодарски“ помпезно. Св. Никола не кризира, за него се аплицира за кредит во банка, се позајмува, се оди во минус, само за да се одржи традицијата (доста беше пауза за време на комунизмот)! Постиме за да ни се прости најголемиот геноцид врз омилените ликови од Орвеловата „Животинска фарма“. Истите ликови живеат во сопствените фекалии, а ние хомо сапиенсите слатко ги јадеме за инает на холестеролот.

Со полна трпеза против кризата, храна и вино како антикризни и антидепресивни мерки. А чиј беше рефренот „Не може нам нико ништа док је прасетине и ракије“ ?

На здравје празниците и да ни живее кризата – нашиот SPIRITUS MOVENS!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќноември 3, 2015
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќноември 3, 2015
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќноември 3, 2015
error: Содржината е заштитена со авторски права.