Следи нѐ
To Top

Робин Вилијамс бил смртно болен

Американскит актер Робин Вилијамс бил смртно болен и му останувале само уште три години живот, доколку не извршеше самоубиство, тврди неговата вдовица Сузан Вилијамс.

Во интервју за телевизиската компанија Еј-Би-Си, прво по смрта на актерот, во август минатата година, таа вели дека Робин „се распаѓал пред нејзините очи“ само неколку недели пред да си го одземе животот.

реклама

– Живеевме во вистински кошмар, изјави Сузан Вилијамс.

Кај популарниот актер и комичар била дијагностицирана Паркинсоновата болест, како и еден посебен облик на деменција, кој предизвикува формирање на посебни тела во мозочните клетки, што целосно ја натушуваат нормалната функција на мозокот.

– Ако имше среќа, Робин ќе можеше да поживее уште најмногу три години, објаснува неговата сопруга, откривајќи дека тешката и неизлечива болест го направила да страда од силна депресија.

Таа вели дека во еден момент актерот бил сосема свесен, но дека само пет минути потоа, не знаел што зборува.

Според сопругата Сузан, тој се справувал со болеста колку што можел, но дека последните триесетина дена веќе бил „целосно скршен“.

Робин Вилијамс изврши самоубиство на 63-годишна возраст.

Тој оствари голем број филмски улоги, а меѓу највпечатливите се сметаат улогите во филмовите „Добро утро Виетнам“ „Друштвото на мртвите поети„, „Добриот Вил Хантинг“, „Госпоѓа Даутфаер“…

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.