Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Бајага и Инструктори вчеравечер го маѓепсаа Карпош

Со „рускиот воз и љубовта што опива“, Бајага и Инструктори вчеравечер го маѓепсаа Карпош. Над четири илјадната публика која се грееше со гратис тиквешко вино, пиво и чаеви над два часа уживаше во роденденската забава која им ја приреди Општина Карпош на своите сограѓани по повод 3 – Ноември, Денот на Општина Карпош.

Во речиси двеипол часовниот концерт се редеа најпознатите хитови на рок мајсторот и најпознатиот „баритон“ на екс-ју просторите Момчило Бајагиќ-Бајага и неговите Инструктори (по позитивна географија – изворно).

реклама

На едвај 4 степени температура,, атмосферата ја загреаја „220 волти“, „Плави мој сафире“, „Зажмури“, “Тишина“. „Моји су другови“,… а натаму музичката мега ѕвезда ни порача „С друге стране јастука“ и тоа дека животот е „некад сив, некад жут за мене забринут“. Сепак познатиот Бајага не пропушти да ја отпее и „Песната против малери“ повикувајќи ја да ги избрка сите змаевите и да донесе мир во овие наши краеви.

This slideshow requires JavaScript.

Тоа беше уште една незаборавна „журка“ на Делфина во Влае за карпошани и сите фанови на легендарниот бенд Бајага и Инструктори.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.