Следи нѐ
To Top

„Францускиот спајдермен“ Алан Роберт со раце се искачи на 38 спратови високата кула Ариан во Париз

Алан Роберт „Францускиот спајдермен“ со голи раце се искачи на 38 спратови високата кула Ариан во квартот Дефанс во Париз, јавува дописникот на МИА од Париз.

Педесет и тригодишниот „пајак“ подвигот го направи и покрај дождот и студот.

реклама

Ова не е негово прво освојување на високи згради – на неговата визит карта се наоѓаат над 1000 висококатници – облакодери, меѓу кои тие од Њујорк Тајмс и Бурј Калифа д Дубаи, која е висока 828 метри.

Неговата акција на кулата Ариан е по барање на организаторите на фестивалот за хумор во Париз 2015 година, со што беше затворен тој уметнички настан.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.