//
Следи нѐ
To Top

Американка матурираше на 97 години

Американката Маргарет Том Бекема од Мичиген конечно доби диплома за завршено средно образование.

Тука не би било ништо чудно, доколку не се земе пред вид фактот дека Маргарет има 97 години.

реклама

Таа била принудена да го напушти средното училиште во 1932 година, откако нејзината мајка се разболела од рак, па морала да се грижи за помалите браќа и сестри.

Осум децении подоцна Маргарет конечно го доби за неа скапоцениот документ – управата на Католичкото средно училиште одлучи на оваа добра бабичка да и додели почесна диплома.

 – Ви благодарам од се срце, не можете ни да замислите колку ми беше тешко, го сакав училиштето и имав многу пријатели, со солзи во очите говореше Маргарет при врачувањето на дипломата.

– Таа има направено многу жртви во нејзиниот живот. Тоа е така охрабрувачки и инспиративно за нашата заедница, бидејќи нејзините избори ги претставуваат сите оние вредности кои пробуваме да им ги пренесеме на учениците, изјави директорот на училиштето.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаноември 5, 2015
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаноември 5, 2015
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаноември 5, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: