//
Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Ведро студено со слаба утринска магла – високо загадување во скопските општини и Тетово

Времето во Македонија утрово е ведро студено и претежно тивко. По одделни котлини има појава на слаба утринска магла, особено во скопската и демиркаписката котлина.

Во Берово се измерени -6 степени, -3 во Скопје-Петровец, -2 Тетово и  Битола, -1 Струмица и Д. Капија, 0 во Штип, Прилеп и Маврово, 1 Скопје-Зајчев Рид и  Крива Паланка, 2 Охрид, Лазарополе, Куманово и Кавадарци, 3 Гевгелија, 4 Претор,  Виница, 5 Крушево и 6 Дојран.

реклама

Во текот на денот ќе биде сончево и претежно тивко, на повисоките места и на планините со слаб до умерен северен ветер. Максималните температури ќе бидат  во интервал од 14 до 20 степени.

Во Скопје сончево со слаб северен ветер и со максимална температура до 17 степени.

Во наредните денови нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на атмосферски систем со висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса, а со тоа понатаму продолжува периодот на стабилно и суво време, во утринските часови со појава на слаба утринска магла.

Преку денот ќе се затоплува. Максималната температура на планините ќе биде повисока одколку на некои пониски места.

Мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат загадување на воздухот во општините Аеродром, Центар, Гази Баба, Карпош, Битола и Тетово.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: