Следи нѐ
To Top

Пронајдено мртво машко тело во Радовиш

Во куќа во Радовиш вчера доцна попладнето пронајдено е мртвото тело на Ј.Р. (26) од Радовиш.

Портпаролот на СВР Струмица Хризантема Рендевска вели дека мртвото тело на Ј.Р. го пронашол сопствениот на куќата каде што 26-годишниот маж бил потстанар.

реклама

Екипи на СВР Струмица синоќа до доцна вечерта вршела увид на местото на несреќата и засега не може да се каже дали станува збор за насилна или за природна смрт.

Рендевска вели дека откако ќе ги добијат резултатите од обдукцијата јавноста ќе биде информирана со повеќе детали во врска со овој случај.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.