Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Адел веќе една година одбива понуда да соработува со Бијонсе

Сцена

Адел веќе една година одбива понуда да соработува со Бијонсе

Според најновите написи, Адел и после една година убедување не сакала да ја прифати соработката со Бијонсе.

Британската пејачка неодамна го објави веќе многу популарниот сингл „Hello“, а на 15 овој месец ќе го објави и новиот албум наречен „25“.

Многу колеги музичари ја пофалија, меѓу кои и Сем Смит и Кети Пери. Американската ѕвезда Бијонсе исто така ја сака Адел, толку многу што повеќе од една година се обидува да ја наговори да соработуваат.

Бијонсе веќе една година ја убедува на соработка, па дури минатата година дошла во студиото обидувајќи се да ја увери на соработка на барем една песна. Адел ја одбила, па песната ќе се најде на новиот албум кој Бијонсе која треба да го објави кон крајот на годината, цитира британски „Heat magazine“ свој неименуван извор.

Многумина шпекулираат зошто упорно ја одбива Бијонсе, но се чини дека причина е стравот на Адел дека популарноста ќе и наштети, што неколку пати и го истакнуваше:

– Знаете, јас од тоа се плашам. Се плашам дека славата ќе ме оштети и дека ќе се изгбам. Славата е како вистински отров. А отров во мојот организам веќе има доволно, не ми треба уште, рече Адел.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.