Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Продолжува периодот на стабилно и суво време – сончево со умерена облачност и слаб ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе се движи од 14 до 22 степени.

реклама

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурата до 19 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време. Утре и во вторник ќе има појава на умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Под влијание на малку потопла воздушна маса дневните температури ќе бидат во благ пораст.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.