Следи нѐ
To Top

„Девојките во технологијата“ доделуваат 3 гратис влезници за претстојниот Стартап Викенд Скопје

Girls in Tech Македонија е официјален партнер и поддржувач на престојниот Startup Викенд Скопје, кој ќе се одржува од 20-22 ноември во новиот CoSeed бизнис комплекс.

По тој повод тие доделуваат 3 гратис карти за „Девојките во технологијата“ кои имаат претприемнички дух и сакаат да учествуваат на овој возбудлив настан.

реклама

Девојки, ако сте заинтересирани да учествувате на Startup Викенд Скопје и сакате да добиете гратис карта, испратете меил на [email protected] со наслов “Сакам карта за Startup Викенд Скопје” и во меилот напишете за вашата професионална и образовна позадина и зошто би сакале да учествувате на настанот.

Последниот рок за оваа понуда е 13-ти ноември. Сите апликации ќе бидат разгледани и ќе тројцата добитници ќе бидат објавени на 15-ти ноември. Сите останати кои аплицирале, а нема да добијат гратис карта, ќе добијат попуст од 30%.

*комерцијален текст

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.