Поврзи се со нас

Популарно.мк

Литванците пијат најмногу жесток алкохол

Занимливости

Литванците пијат најмногу жесток алкохол

Според последната студија на Организацијата на економска соработка и развој, Литванија е земјата каде се пие најмногу алкохол по глава од жител, јави Индепендент.

Тие ги земаа предвид и резултатите од 2000, како и оние од 2013 година и докажаа дека во оваа балтичка земја се пијат 14 литри алкохол по глава од жител годишно.

На второ место е Австрија, трето место повторно е една балтичка земја, Естонија, а Чешка е четврта со 12 литри алкохол по глава од жител.

Земји во кои најмалку се конзумира алкохол според ОЕЦД се Индонезија, Турција и Индија (не надминуваат ниту еден литар годишно), а по нив следи Израел од еден од три литри алкохол по глава од жител годишно.

ОЕЦД наведува дека во периодот од 2000 до 2013 година многу е зголемено конзумирањето на алкохол,  а константа држат Литванија, Полска и Русија.

Студијата покажа дека многу од младите ја зголемуваат конзумацијата на алкохол, и мажите и жените, а луѓето со понизок социо-економски статус се повеќе склони кон пиење.

Најголем број луѓе конзумира алкохол во Унгарија, каде 90 отсто од жителите уживат во пијалак, додека тој процент во Франција е 50 отсто.

Предвид се земени само пијалаци со повеќе од 20 отсто алкохол во себе, а тестираните испитаници биле на возраст од 15 години па нагоре.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.