Следи нѐ
To Top

УНЕСКО го одби барањето за прием на Косово

Генералната конференција на Организацијата за образование, наука и култура на ОН (УНЕСКО) не го прифати предлогот за прием на Косово во членство во оваа агенција на Светската организација.

При денешното гласање, предлогот за прием на Косово не ја доби потребната поддршка на две третини од членовите на Генералната конференција на УНЕСКО.

реклама

Како што јави српската државна телевизија РТС, за приемот на Косово се изјаснија 99 земји, 50 биле против, а 22 се воздржале од гласање. Во гласањето учествувале 142 членки.

За да биде усвоен предлогот требаше да биде поддржан од најмлаку 114 од вкупно 170-те земји-членки на УНЕСКО.

Пред гласањето по предлогот, Конференцијата го одби барањето на Србија за одлагање на изјаснувањето за прием на Косово,

Како што јави Танјуг, за предлогот на Србија гласаа 58 членки, против беа 88, а 22 воздржани.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.