//
Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со температура до 22 степена – во наредните денови затоплување

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а поголемо наоблачување ќе има во североисточниот дел од земјава. Ќе дува умерен долж Повардарјето и на повисоките места засилен ветер од северозападен правец што ќе овозможи извесно прочистување на атмосферата.

Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 15 до 22 степена.

реклама

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе искачи до 18 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време. Под влијание на малку потопла воздушна маса од југ дневната температура ќе биде во благ пораст, меѓутоа од сабота повторно ќе опаѓа.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: