Следи нѐ
To Top

Засадување дрвца во рамки на акцијата „Денот на дрвото 2015“

Под мотото „Засади успех“ денеска во Средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Кисела Вода, (нас. Драчево) ќе се одржи промотивно засадување дрвца во рамки на 16. акција „Ден на дрвото-есен 2015“.

Како што најавуваат организаторите, во кампањата оваа година акцентот е ставен на средношколците од градот Скопје, кои во текот на промотивната кампања насловена „Засади скопска иднина“, континуирано ќе засадуваат дрвца во училишните дворови и ќе ја озеленат својата средина.

реклама

Во акцијата ќе се вклучат градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и претставници од секторите за заштита на животната средина и образованието кои ќе засадуваат дрвца по средните училишта заедно со познати и успешни спортисти, писатели, естрадни личности, сликари итн.

– Ваквото наменско и планирано засадување има повеќекратни ефекти и далекусежни благодети, не само за озеленување на дворовите на училиштата, туку и за едукација и поттикнување на еко-свеста кај младите. Идејата е тие сами да се грижат за дрвцата кои ќе ги засадат. Поттикнувањето на еко-свеста е значајна за обвновување на кругот на биодиверзитетот како важен услов за хармонија и синергија меѓу луѓето, животните и растенијата на нашата единствено населена Планета – мајката Земја, посочуваат организаторите во соопштението.

Медиумската кампања ќе биде исполнета со промотивни засадувања и активности се до денот на одржувањето на 16-та акција „Ден на дрвото – есен 2015!“, кој се очекува да биде во втората половина на ноември.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.