Следи нѐ
To Top

Филип Божиновски и „Фидбек“ загревање пред спектакуларниот концерт на Аца Лукас

Моментално еден од најпознатите македонски изведувачи Филип Божиновски, кого јавноста го запозна по учеството на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, на 21 ноември заедно со бендот кој е познат по одличните забави „Фидбек“, ќе бидат загревање пред спектакуларниот настап на српската легенда Аца Лукас во„Метрополис арена“.

Талентираниот пејач неодамна ја промовираше својата прва песна на српски јазик „Туго моја“ која моментално е хит на сите радиостаници во Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Тоа е една од многуте причини зошто треба бидете присутни на 21. ноември во „Метрополис арена“.

реклама

Инаку Аца Лукас минатата недела во Белград во „Комбанк арена“ одржа концерт за паметење каде присуствуваа над 20.000 луѓе.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите можете да ги купите по цена од 350 денари на „www.kupikartizase.mk“ и на продажните места „Розе Веро 2“ и „Југотон“.

Слушнете ја новата песна на Филип

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.