//
Следи нѐ
To Top

Хан: Препорака за преговори, но да се исполни договорот и препораките на ЕК

Република Македонија ја доби седмата последователна препорака од Европската комисија за отворање на преговорите за членство во Европската унија, но под услов целосно спроведување на договорот од јули/јуни и да се почне со реформи по препораките на ЕК.

Ова предмалку пред пратениците во Комитетот за надворешни работи на Европскито парламент (АФЕТ-група) во Брисел го соопшти еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

реклама

Претставувајќи ја Стратегијата за проширување за 2015 година, Хан за Македонија потврди дека има нова препорака со очекуваниот услов, јави дописникот на МИА од Брисел.

– За напредокот постигнат досега, спроведување на договорот од јули е важен и Европската комисија предлага отворање на преговори со Македонија под услов да се спроведе јулскиот договор и итно да се почне со реформските мерки препорачани од ЕК. Понатака со ова прашање ќе се бавиме по парламентарните избори на пролет идната година, соопшти Хан пред европратениците

Според еврокомесарот, Македонија има високо ниво на усогласеност со европското законодавство, но се покажало дека политичкиот состав е загрозен поради политичкото мешање и корупцијата.

– Во јули се постигна политички договор, каде посредуваа европратениците Иво Вајгл и Едвард Кукан и тоа на најдобар начин донесе решение на политичката криза. Политичките лидери во земјата мора да се свесни кои се приоритетите за итни за реформи. Потребно е да се доврши и реформа на Охридскиот договор, а дополнителни мерки за доверба се потребни меѓу етничките заедници, додаде Хан.

Седницата пред АФЕТ на Европарламентот се уште трае со прашања и настап на европратениците, а комесарот Хан во 12:30 часот на прес-конференција во Европската комисија исто така јавно е ги претстави извештаите за прогресот во евроинтеграциите на земјите од процесот на пристапување.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: